25
Нероазурите двапати загубија од Бодо/Глимт, норвешкиот тим победи и на свој терено, но и во Милано, но тоа не го поколеба раководството да му даде нов договор на тренерот Кристијан Киву.
Од Италија доаѓа информацијата дека Интер донел одлука да го продолжи договорот со Киву.
Без разлика на елиминацијата во Лигата на шампионите, раководството е задоволно од неговата работа и ќе му даде договор до 2028 година со опција за продолжување на уште една сезона.
Главната причина е доминацијата во Серија А, доколку не се случи чудо, Интер ќе биде нов шампион на Италија бидејќи има дури 10 бодови предност пред конкуренцијата.