Интер доби „корпа“ од Дибала, позната е причината за таквата одлука на Аргентинецот

by
1 минути читање

Според
информациите кои денес ги објави „Кориере дело Спорт“, се вели дека конечно е
решена дилемата околу иднината на Пауло Дибала во редовите на Јувентус, и тоа
под водство на новиот шеф на стручниот штаб на таа екипа, Маурицио Сари.

Известувањата кои
пристигнуваат велат дека Дибала веќе го дал конечниот одговор околу интересот
од Интер, и неговиот одговор бил негативен, откако се појавија шпекулации дека
неизвесна е неговата иднина во Старата дама под кормилото на Сари.

Дибала веќе имал
средба во четири очи со Сари, наводно се почувствувал целосно инволвиран во
новиот проект на италијанскиот првак по разговорот со него, а откако ги слушнал
идеите и плановите на новиот тренер јасно посочил дека ќе остане во Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×