Интер до врв ја наполни мрежата на Торино, моќен старт на нероазурите! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Интер на фантастичен начин ја отвори сезоната во Серија А, момците на Киву славеа со 5-0 против Торино.

Серијата погодоци беше отворена во 18. минута кога Бастони погоди со глава за водство на Интер од 1-0.

Поминаа уште 18 минути игра, тогаш се случи нов гол, овојпат Турам реализираше за 2-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

По седум минути игра во вториот дел Лаутаро Мартинез искористи една катастрофална грешка на гостите и му донесе предност на Интер од 3-0.

Во 62. минута Турам постигна и втор гол на натпреварот носејќи му водство на Интер од 4-0.

Бони влезе во игра на местото од Турам во 67. минута, а само пет минути подоцна го постигна својот деби гол поставувајќи ги конечните 5-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×