Интер блиску до првата трансфер „бомба“ во летниот преоден рок?

by
1 минути читање

Подолго време се шпекулира дека Интер се интересира за Анхел Ди Марија од ПСЖ, од Италија пристигнуваат нови вести на оваа тема.

„Ил Месаџеро“ пишува дека Интер се договорил со Ди Марија и се чека само зелено светло од ПСЖ за да почне реализација на трансферот.

Францускиот клуб би го продал Ди Марија за добра понуда, но не пред да најде соодветна замена за неговите услуги.

Нивна цел е Хамес Родригез од Реал Мадрид, доколку успеат да го ангажираат, Интер би требало лесно да стигне до потписот на Ди Марија.

Како и да е, Интер ја заврши половина работа со тоа што успеал да ги договори личните услови со Ди Марија, останува уште со добра понуда да го убеди ПСЖ да го ослоби фудбалерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани