Инсиње се понудил да игра за „кикирики“ во Наполи, но…

by bojan
1 минути читање

Лоренцо Инсиње вели дека бил во контакт со Наполи за враќање на „Диего Морадона“, се понудил да игра за минималец од 1.500 евра месечно, но зделката на крајот не се реализирала.

На почетокот од оваа година, Лоренцо Инсиње се врати во Калчото и потпиша за второлигашот Пескара.

Тој сега открива дека бил во контакт и со Наполи, се понудил дури и да игра за минималец од 1.500 евра месечно, но на крајот актуелниот шампион на Италија одлучил против кам-бек на напаѓачот.

„Без размислување ќе се вратев во Наполи. Ме контактираа неколку недели пред да потпишам со Пескара, не можев да спијам цела ноќ“ – вели Лоренцо Инсиње.

„За повторно да го облечам дресот на „наполитанците“, се понудив да играм за минималец, односно 1.500 евра месечно. Но тие имаа други планови и јас ја почитувам нивната одлука“.

„Покрај Наполи, и Пескара ми е во срцето“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×