Иновативната тактика на Реал Сосиедад како да се сопре Меси од слободен удар, дури и Аргентинецот се збуни (ФОТО)

by
1 минути читање

Лео Меси важи за
еден од најдобрите изведувачи на слободни удари, тренерот на Реал Сосиедад
очигледно добро го знае тоа па имаше подготвени специјална тактика.

Кога во второто
полувреме беше направен прекршок во опасната зона и Лео Меси ја постави топката
да шутира, гостинските играчи почнаа да се распоредуваат. Тројца застанаа во
живиот ѕид, двајца на гол линијата и уште четворица се групираа на врвот од
петерецот.

Иновативниот пристап
го збуни и Аргентинецот кој успа само да погоди во глава еден противнички фудбалер.

„Мора сè да
простудираме, знаеме каков мајстор е Меси. Го вежбавме ова во текот на
неделата и за среќа ни успеа тактиката“
– рече по крајот на натпреварот тренерот
на Реал Сосиедад, Иманол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×