Иниеста сега е легенда на Барселона, но како дете не сакал да се пресели на Камп Ноу

by
2 минути читање

Шпанецот како
дете во дресот на Албасете ги импресионирал скаутите на големите клубови, па на
12 годишна возраст добил понуда од Барселона да стане дел од нивната младинска
школа.

Во разговор со
беИН Спортс, Андрес Иниеста сега открива дека во прв момент решил да ја одбие
Барселона поради семејството, но на крајот неговиот татко го убедил да ја
прифати понудата.

„Првиот одговор
беше негативен, не сакав да се преселам во Барса, за мене поважно беше
семејството, не сакав да заминам толку далеку без нив
– вели Иниеста, кој сега е легенда
на „Каталонците“.

„Но мојот татко
ме убеди дека на сето ова треба да гледам како на предизвик
.

„Имам голема
доверба во мојот татко, и знам кога ми кажува одредени работи вообичаено е во
право
.

„Го прифатив
неговиот совет и се впуштив во нова авантура. Потоа следуваа најлошите месеци
од мојот живот, но со помошта на сите околу мене, работите се подобруваа од ден
на ден
.

По преселбата во
Барселона, Андрес Иниеста прерасна во еден од најдобрите играчи на денешницата
и зад себе има голем број на трофеи, помеѓу кои осум титули во Примера и четири
во Лигата на Шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани