Шпанската инфлуенсерка и креаторка на содржина за платформата „ОнлиФенс“, Фати Васкез, последните денови се наоѓа во центарот на вниманието, откако во италијанските медиуми се појавија фотографии на кои таа е во друштво со 17-годишниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал.
Иако и двајцата јасно порачаа дека не се во љубовна врска, јавноста бурно реагираше на нивното дружење, особено поради фактот што Васкез има 29 години и е 12 години постара од младиот фудбалер.
„Буквално ме напаѓаат од сите страни, и тоа е апсурдно и неправедно. Имам 29 години, сè уште не сум наполнила ни 30. Не сум направила ништо лошо, ниту сум повредила некого. Оваа хајка го погодува и моето семејство. Се изговараат навреди, ме нарекуваат педофилка… Навистина е премногу, изјави Васкез.
Таа остро ги осуди и, како што вели, очигледните двојни аршини во општеството.
„Кога повозрасен маж е во врска со помлада девојка, никој не реагира. Но, кога жената е постара, тогаш веднаш настанува проблем. Тоа не е фер, нагласи таа.
Васкез откри и дека сериозно размислува да покрене правна постапка против оние кои шират навреди и закани.
„Поминав неколку дена со него, ништо повеќе. Нема простор за скандали. Сè што се случи, заканите, лагите, обвинувањата, веќе е документирано. Тоа не е само морален проблем, туку и кривично дело, заклучи шпанската инфлуенсерка.
Yamal on vacation with his 31-year-old girlfriend 🍳🍳🍳🍳🍳
— RASTA VINI🪭🪭🪭🪭 (@Viniwontmiss) June 17, 2025
Mommy issues…? pic.twitter.com/mbTRbTYK76