Инфантино замоли за прекин на војната во Украина додека се игра Светското првенство

by
2 минути читање

Тој смета дека двете страни треба да го искористат фудбалскиот турнир како поттик за изнаоѓање на решение.

Инфантино се обрати на Г20 самитот на светските лидери, и побара едномесечен прекин на војната.

„Мојата молба до сите вас е да размислите за привремено, едномесечно примирје додека трае Светското првенство или барем да се воспостават некакви хуманитарни коридори или било што што може да донесе продолжување на дијалогот како прв чекор кон мирот. Вие сте светски лидери и имате способност да влијаето врз курсот на историјата. Фудбалот и Светското првенство ви нудат уникатна платформа за единство и мир низ целиот свет“, рече Инфантино.

Поради војната во Украина, Русија е исфрлена од плејофот за пласман на Светското првенство, но и од сите официјални меѓународни фудбалски натпреварувања на УЕФА и ФИФА, па тешко дека тие би се сложиле на некаква пауза од војната додека трае Мундијалот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани