Советот на ФИФА вечерва даде амин за употреба на ВАР на мундијалот во Русија, судиите ќе имаат помош од видео технологијата.
„Ќе го имаме првото Светско првенство со ВАР!“ – соопшти претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„Мораме да бидеме во тек со времето. Сакаме на судиите да им овозможиме алатки за да носат подобри одлуки, и на мундијалите се носат прилично важни одлуки. Невозможно е во 2018 фановите од својата соба за само неколку секунди да знаат дали судијата направи грешка, а самиот судија да не го знае тоа“.
ВАР за прв пат беше употребе на Светското клупско првенство во 2016, а беше тестиран и на Купот на Конфедерации во 2017. Серија А и Бундеслигата исто така оваа сезона користат ВАР, а видео технологијата на помош е повикана и на средбите од ФА Купот во Англија.
Но често таа креираше поголеми забуни отколку што решаваше проблеми.