Инфантино: Ова беше најдобрата групна фаза во историјата на Светските првенства

by
1 минути читање

Инфантино го испофали Светското првенство во Катар.

„Ги гледав сите натпревари и многу јасно ќе кажам дека ова беше најдобрата групна фаза во историјата на Светските првенства. Што ветува дека и до крајот мечевите ќе бидат на тоа ниво“, вели Инфантино.

„Повеќе од два милиони луѓе циркулираат низ улиците во Доха. Сите заедно, ги поддржуваат нивните тимови… Фантастична атмосфера, прекрасни голови, неверијатни емоции и неколку изненадувања“.

Ваквите изјави на Инфантино се спротивни на мислењата на голем број фудбалски фанови. Атмосферата на стадионите во Катар е можеби најлошата во историјата на Светските првенства, со исклучок на неколку натпревари, стадионите беа полупразни, а организаторот прикажуваше бројките поголеми и од капацитетот.

Од навивачки аспект Катар е земја која е комплицирана за фановите, поради повеќето различни забрани кои ги имаат, скапите цени, недоволниот капаците за сместување кој беше надополнуван со импровизирани сместувалишта. А од она што го видовме на теренот во групната фаза, имаше различни натпревари, имаше возбудливи мечеви, но и голем процент на дуели со резултат од 0-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани