Инфантино му се закани на Катар дека може да му го одземе Светското првенство

by
1 минути читање

Светското првенство треба да се игра од 21 ноември до 18 декември. Поради парите ФИФА му ја даде организацијата на Катар, но домаќинот го следат многу скандали.

Најголем е тој за човековите права, имаше големи протести во дел од земјите откако излегоа податоци за повеќе од 6.000 смртни случаи кај работници кои ја правеа инфраструктурата за Светското првенство.

Хомосексуалноста во Катар е забранета со закон, па припадниците на ЛГБТ заедницата стравуваат за својата безбедност. Можат да завршат и повеќе години во затвор.

Неодамна се појави и информација дека во Катар сексуални односи смеат да имаат само брачни другари. За сите други следува затворска казна и до седум години.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино му се закани на Катар дека може да му ја одземе организацијата доколку не гарантира безбедност за сите гости. 

„Доколку Катар не понуди гостопримство за секој, без никакви предрасуди и селектирвност, нема да го организира Мундијалот. Светското првенство е настан кој ги собира сите луѓе и нема место за никаква дискриминација по никаква основа“, изјави Инфантино на економскиот форум кој се одржува во Доха.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани