Инфантино: Критиките кон Катар се лицемерие, ние Европејците уште 3.000 години треба да се извинуваме

by
2 минути читање

Секојдневни се критиките за организацијата на Европското првенство, човековите права, мртвите работници, условите за сместување, лажните навивачи, забраната за точење пиво… се дел од темите во изминатите денови.

Критики доаѓаат од секаде, но првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино застана во одбрана на организаторот.

„Денес имам многу силни чувства. Денес се чувствувам како граѓанин на Катар. Денес се чувствувам како Арап. Денес се чувствувам како Африканец. Денес се чувствувам како геј. Денес се чувствувам како инвалид. Денес се чувствувам како имигратски работник. Јас не сум државјанин на Катар, Африканец, геј, инвалид и не сум баш имигрантски работник, но знам како е да се биде дискриминиран и да се биде жртва на насилство. Како странец во туѓа земја, како дете бев малтретиран затоа што имав црвена коса и пеги. Бев злоупотребуван за тоа“, вели Инфантино.

„За она што ние Европејците сме го правеле низ светот во изминатите 3.000 години, треба да се извинуваме во следните 3.000 гдоини, пред да почнеме да даваме морални лекции на други. Колку од овие европски и западни бизнис компании кои заработуваат милиони и милијарди од Катар, колку од нив се обратиле до катарските власти за правата на мигрантите работници? Ниту една, бидејќи ако ја сменеле легислативата, тоа ќе значело помалку профит за нив“.

„Секако дека има проблеми во Катар кои треба да се истакнат, но ова еднострано давање на морални лекции е само лицемерие“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани