Топката не ни почнала да се тркала, а веќе „тече крв“ меѓу навивачите на Наполи и Феенорд. Информациите од Италија велат дека тројца холандски тинејџери се уапсени откако дивееле во центарот на Неапол и мавале со камења.
Навивачите на Феенорд не добија дозвола од УЕФА да гостуваат на натпреварот против Наполи потади инцидентите кои ги направија во Рим во 2015 година кога беа уапсени 22 фанови на овој тим.
Но и покрај забраната, стотици навивачи на холандскиот тим отпатувале во Неапол и се обидувале на различни начини да влезат на натпреварот.
Полицијата во Неапол нема да дозволи влез на било кој холандски државјанин на овој натпревар. Феенорд се жалеше на ваквата одлука на УЕФА, но Европската куќа на фудбалот остана доследна на неа.