Фудбалерите на младата репрезентација на Англија доживеале непријатна ситуација за време на гостувањето во Казахстан во рамките на квалификациите за Европското првенство 2027 година.
Како што објави „Дејли мејл“, во хотелот каде што беше сместена селекцијата У21 на Англија се појави таен снимател кој низ ролетните успеал да сними приватни моменти на младите фудбалери. Видеото за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции.
На снимката јасно се гледа како фудбалерот на Арсенал, Итaн Енванери, реагира бесно и во еден момент фрла пешкир кон камерата. Еден од неговите соиграчи се обидел да го покрие прозорецот со пешкир, но снимателот ја кренал камерата и продолжил со снимањето. Во целата ситуација се вмешал и играчот на Тотенхем, Арчи Греј, кој исто така реагирал на непријатната сцена.
Случајот предизвика големо негодување во англиската јавност, а од Фудбалската асоцијација на Англија најавија дека ќе бараат итна истрага за да се утврди кој стои зад овој инцидент што ја наруши приватноста на младите репрезентативци.
🚨 It is reported that the England U21 youth team was unhappy about being filmed in the locker room. One of the most vocal opponents of this was Ethan Nwaneri, who strongly opposed it. 😡 pic.twitter.com/WOJqDCpjKS
— Scout in Eurasia (@scout_eurasia) September 9, 2025