89
Извештаите кои
пристигнуваат велат дека по последниот свиреж на судијата шестмина навивачи влегле
на теренот на стадионот „Теди“ во Ерусалим.
Еден од нив се
одделил од групата и се упатил кон играчите, поточно кон ѕвездата на Реал
Мадрид, Иско.
„Тајмс оф Израел“
пишува дека фанот држел нож во рака, но му паднал на тревата, а бил и соборен
од полицијата пред да дојде до Иско.
Лицата од
обезбедувањето на селекцијата на Шпанија велат дека не се запознаени со
инцидентот, а портпаролот на полицијата истакнал дека фудбалерите на Шпанија во
ниту еден момент не биле во опасност.