Инцидент на тренингот на Баерн, Горецка му „влегол“ со лизгачки старт на Боатенг па добил шлаканица!

by
1 минути читање

Тензично на
денешниот тренинг на Баерн Минхен.  За
време на тренинг натпревар, Горецка влегол во вербална војна со Милер, двајцата
се расправале за тоа дали имало пенал или не. Кога Милер се обидел да му
објасни нешто на својот помлад колега, Горецка направил гест со раката во
стилот на „бла, бла, бла“. Потоа се замешал и Боатенг, кој застанал во одбрана
на Милер.

Десет минути подоцна, кога продолжил натпреварот, Горецка му „влегол“ со лизгачки старт на Боатенг и тоа
прилично задоцнето, кога топката не била во нозете на дефанзивецот. Па Боатенг
му залепил шамар на Горецка, а поголема тепачка спречил Леванодски кој веднаш
притрчал и ги раздвоил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×