Искусниот напаѓач на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс го кажа тоа што многумина го мислат, вели дека е срамота и тажно што Суперкупот се игра во Саудиска Арабија.
Атлетик Билбао вчера со 2-0 загуби од Барселона во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија кој се игра во Саудиска Арабија.
„Иако имавме неколку навивачи, за нас ова беше како да играме на гости. Штета е бидејќи ова беше атрактивен натпревар и да се играше поблиску сигурно ќе имаше многу повеќе наши навивачи. Срамота е што треба да одите стотици километри од нашите луѓе, од нашите семејства“, вели Ињаки Вилијамс.
„Нема смисла што играме во Саудиска Арабија, но ете фудбалот е таков. Штета, според мене ова е срамота и тажно“.
Вечерва Реал Мадрид и Мајорка играат во второто полуфинале од Суперкупот. Финалето е закажано за 12 јануари.