Имобиле во 91. минута му донесе победа на Лацио (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лацио во одлична форма влезе во мечот кај Бреша, но малку фалеше од таму да не си замине со целиот плен иако повеќе од едно полувреме играше со фудбалер повеќе.

Бреша поведе со гол на Балотели во 18. минута од натпреварот.

На пет минути до крајот Кистана направи прекршок за пенал, доби втор жолт картон, домаќините останаа со играч помалку, Имобиле ја реализираше најстрогата казна и израмни на 1-1.

Лацио долго време се мачеше да даде и втор гол, тешко му одеше, и кога се чинеше дека нема да победи, Имобиле постигна погодок во 91. минута за комплетен пресврт и нова победа.

Лацио има серија од 12 меча без пораз во Серија А од кои 10 им се победи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×