Имобиле добил понуда: Може да се врати во Серија А

by Стефан
1 минути читање

Новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, ќе има клучна улога во формирањето на тимот за наредната сезона, а особено внимание ќе се посвети на средниот ред каде што веќе е договорен Лука Модриќ.

Покрај Модриќ, „росонерите“ активно бараат и дефанзивен играч за врска, а во моментов најблиску до трансфер е Гранит Џака, 32-годишниот фудбалер на Баер Леверкузен, кој имаше извонредна сезона во Бундеслигата.

Во меѓувреме, се појави и опција за засилување во нападот и тоа, искусниот напаѓач, Чиро Имобле кој ја заврши својата епизода во Бешикташ и сега би можел да се врати во Серија А.

Имобиле, кој во Италија го носеше дресот на Лацио се поврзуваше и со Фиорентина, но сепак во Фиренца се одлучиле изгледа за Един Џеко и тој трансфер е блиску до реализација.

Во Милано, од друга страна, не му е загарантирано стартно место, што би можело да го натера Имобиле да ја разгледа и опцијата за преселба во друг клуб кој би му понудил повеќе минути на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×