164
Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација можеше да дојде до три бода од дуелот
против Албанија на домашен терен, се’ беше во прилог на нашите фудбалери, но до тоа за жал не дојде, ќе жалиме за
неискористените шанси и непотврдување на огромната доминација во погодоци кои
не ги запишавме по многуте шанси.
Ремито од 1-1 се
чини дека е задоволителна околност за гостинската селекција, но сигурно не и за
нашата, која со триумф можеше сериозно да влезе во трката за третото место во
групата „Г“, но до тоа не дојде, а можеше… Сепак, фактот што чуварот на мрежата на гостите, Бериша е играч на натпреварот, говори за сите детали од мечот во Струмица.








Фото:
Кочо Сотировски (24фудбал)