76
Лидерот во француската
Лига 1, ПСЖ се помачи за да дојде до триумф пред своја публика над Троја
синоќа, за водство погоди Нејмар по 73 минути игра, а победата ја потврди
Кавани со гол во завршницата, на асистенција на Бразилецот.
Во 41. минута од мечот
во Париз домаќините добија пенал, а фудбалската јавност веднаш ги впери очите
во оваа ситуација за да проследи како ќе се „разберат“ Кавани и Нејмар.
Уругваецот ја презеде
обврската, ја зема топката но не успеа да погоди, а за тоа дали имаше „кошкање“
помеѓу Нејмар и Кавани претходно, проценете сами…