Фудбалерите на Кадиз избегнале трагедија, експлодирал едниот моторот на авионот со кој ленале кон Ел Салвадор, но пилотот успеал принудно да слета на аеродром во Севиља.
Во последно време се популарно станува да се играат пријатеслки натпревари по крајот на сезоната, екипата на Кадиз трабеше да одработи меч во Ел Салвадор, и потрагата по екстра приходи можеше да заврши кобно.
Веднаш по полетувањето, откажал еден од моторите на авионот со кој патувала делегацијата на Кадиз.
Десетина минути владеела голема паника, но за среќа пилотот успеал принудно да слета на аеродром во Севиља.
„Мислевме дка ќе умреме, многу работи ни поминаа низ глава. Слушнавме мала експлозија, почнавме да губиме висина, стјуардите почнаа да бидат нервозни… Имаше проблем со еден од моторите и ни кажаа дека мора да слетаме веднаш. За среќа, сите сме добро“ – објасни фудбалерот од средниот ред на Кадиз, Алекс Фернандез.
Од таборот на Кадиз веднаш ја информирале владата на Ел Салвадор дека ќе го одложат натпреварот поради недоволна безбедност и шокот предизвикан од инцидеднтот.