Поранешниот фудбалер на Валенсија, Барселона и Спортинг Лисабон, Жереми Матје откри дека депресијата и судски спор е причината зошто работи како асистент за продажба во продавницата за спортска опрема, Интерспорт.
Минатата година, фотографија од Жереми Матје стана вирална на социјалните мрежи, поранешниот фудбалер на Барселона, кој освои се во 2015 година играјќи покрај Лео Меси, паднал до степен да биде продавач во продавница за спортска опрема.
Во разговор со беИН Спортс, тој сега откри дека депресијата е една од причините за ваквиот потег, со цел да излезе од дома и да прави нешто корисно.
„Знаеше дека сакам да излезам од дома, не правев ништо прилично долго време. Во еден разговор ми рече, „Има отворена позиција“ и така започна се“ – вели Жереми Матје кој работи како асистент за продажба во продавницата на Интерспорт во околината на Марсеј.
Но Французинот признава и дека има други проблеми за кои не може да навлегува во детали.
„Не можам да говорам многу, ако работам во Интерспорт, тоа е затоа што се случува нешто што ми создава многу проблеми. Можам само да кажам дека сум среде судски процес“.