7
Натпреварот меѓу Милан и Комо кој заврши 1-1 донесе тензии и надвор од теренот, а главната улога ја имаа тренерите на двата тима.
Инцидентот се случи во финишот, кога Цеск Фабрегас го повлече за дресот Алексис Саелмакерс, што предизвика бурна реакција кај Масимилијано Алегри. Тренерот на Милан беше исклучен, додека Фабрегас помина без санкција.
По мечот Алегри јавно го критикуваше потегот, а Фабрегас се извини, но тензијата продолжила и зад сцената. Според информациите, стратегот на Милан му упатил остри зборови на својот колега: „Ти си идиот, ш*пак. Незрело детиште кое вчера стана тренер“.