Имало и поголем „пациент“ од Пикфорд, голманот на Рома се погрижи за најсмешниот гол во историјата на римското дерби (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пред неколку години, англискиот репрезентативен голман Џордан Пикфорд се изрезели на големото градско дерби помеѓу Ливерпул и Евертон и на „црвените“ им подари победа во последните секунди од мечот.

Вечерва на уште едно големо градско дерби, помеѓу Рома и Лацио, Пау Лопез имаше потег кој тешко може да се разбере. По еден корнер, голманот на домаќините реши да боксува една топка до која не можеше да дојде никој од играчите на Лацио, а и најверојатно ќе завршеше во корнер. За маката да биде поголема, Шпанецот ја врати топката пред голот, па мораше да интервенира уште еднаш и со помош на Смолинг да спречи автогол. За негова несреќа, Ачерби внимателно следеше што се случува, па постави нога и го постигна најсмешниот гол во историјата на римското дерби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×