Има само 29 години а стана тренер на годината во Бундеслигата

by
1 минути читање

Најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата го доби признанието за најдобар тренер за 2016.

Тој го презема Хофенхајм во февруари 2016 година, тогаш тимот се бореше за да опстане во Бундеслигата, мисијата на Нагелсман беше да го сочува местото во елитата.

Само една година откако беше назначен за тренер на Хофенхајм, денес тимот предводен од Нагелсман е на четвртата позиција во Бундеслигата која носи квалификации во Лигата на шампионите.

Младинската фудбалска кариера Нагелсман ја мина во Аугстбург и Минхен 1860, но поради повреди не успеа да заигра фудбал на сениорско ниво па рано ја почнува тренерската кариера. Најпрво како асистент во Хофенхајм, а минатата година ја доби првата шанса како главен тренер и веднаш импресионираше.

„Немам зборови, ова е голема чест за мене како дебитант, не можам да поверувам дека е вистина“ – изјави Нагелсман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани