„Има многу силни спер**тозоиди!“ – Руни ја открива урнебесно незгодната средба помеѓу неговата сопруга и Ван Гал

by bojan
1 минути читање

Вејн Руни открива дека Луј ван Гал знаел да биде откачен и открива колку била урнебесно незгодна првата средба помеѓу неговата сопруга Колин и холандскиот стратег.

Вејн Руни соработуваше со Луј ван Гал во Манчестер јунајтед од 2014 до 2016, вели дека научил многу од холандскиот стратег, кој знаел да биде и малку откачен надвор од фудбалските терени.

„Го обожавав, беше многу смешен. Првиот пат кога се сретна со Колин, имаше организиран ручек за сите играчи, нивните сопруги, девојки… И тој доаѓа да се поздрави со Колин и и вели, „Вашите деца многу личат на нивниот татко“. И таа му вели, „Да, така е“, а Ван Гал продолжува, „Тој има многу силни спер**тозоиди!“ Замислите, прв пат ја среќава и ова и го кажува!“ – открива Вејн Руни за урнебесно незгодната средба на неговата сопруга и Ван Гал.

„Таа остана збунета, не знаеше што да каже. Го обожавав Ван Гал како човек, многу поразличен од другите, и многу смешен“.

„Но и како тренер научив многу од него, веројатно повеќе од било кој друг“.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×