Има и една добра работа за Ливерпул со заминувањето на Александер Арнолд во Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање
Арнолд

Како што пренесува Дејли Мејл, поради тоа што Трент Александер Арнолд се сели во Реал Мадрид, Ливерпул ќе може да му понуди поголема плата на Мохамед Салах и да го задржи Египјанецот на Енфилд.

Раководството на Ливерпул има полни раце работа – Мохамед Салах, Трент Александар Арнолд и Вирџил ван Дајк ги одработуваат последните месеци од договорот.

Оваа недела се појавија голем број шпекулации кои велеа дека „црвените“ ја изгубиле битката со Трент Александар Арнолд, десниот бек решил да се пресели во Реал Мадрид и веќе си подал рака со „кралевите“.

И покрај тоа што беспари ќе остане без квалитетен фудбалер, има и една добра работа за Ливерпул во целата ситуација.

Како што пренесува Дејли Мејл, без ТТА во сликата, Ливерпул може да му понуди поголема плата на Мохамед Салах и на тој начин да го задржи Египјанецот, кој оваа сезона игра во животна форма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани