Им се случува и на најдобрите… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид со синоќешната победа на гостувањето кај Селта Виго со 1-4 се наоѓа на еден чекор
до титулата во Примера, со три бода предност во однос на Барселона, се што му
преостанува на тимот од Мадрид е поволен исход на гостувањето кај Малага
претстојниов викенд.

Првата ѕвезда на
тимот, Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на својот тим,
вториот разви голема дилема околу регуларноста, очигледно е дека беше постигнат од
офсајд ситуација, но притоа Португалецот се најде и во една несекојдневна,
барем за него ситуација.

При водство од
1-3 за „Кралевите“, Роналдо доби употреблива топка при една контра, излезе сам,
очи во очи со противничкиот голман и на крајот го промаши целиот гол.

За одбележување е секако тоа што по двата гола во Виго, Роналдо сруши рекорд стар цели 46 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани