Илија Несторовски со гол и асистенција во победата на Славен Белупо! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Илија Несторовски одигра одличен натпревар за Славен Белупо во убедливата победа над Горица во ХНЛ од 0-3.

Напаѓачот на Славен беше стрелец на последниот погодок во гостинската мрежа. Течеше 81. минута кога Несторовски одлично погоди за конечните 0-3. Претходно тој беше и асистенти при првиот гол на Лучиќ.

Оваа сезона Илија Несторовски постигна пет погодоци во дресот на Славен Белупо во првенството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани