320
Илиевски повика 22 фудбалери, дел од нив се членови и на селекцијата до 19 години. Селекторот сака да внесе свежа крв и да подготвува тим за следниот квалификациски циклус бидејќи во овој играме катастрофално и останавме без никакви шанси.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 7. септември и 11. септември продолжува со квалификациските настапи од циклусот за пласман на Европското првенство во Италија 2019 година. Првиот натпревар идниот месец го играме на гостински терен против Србија, додека четири денови подоцна ја пречекуваме селекцијата на Ерменија.
Македонија во овие квалификации има победа само против Ерменија во досегашните шест натпревари и е на дното со три бода.
