Илиевски: Целта на Струга е првото место, сакаме титулата да остане кај нас

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот на Струга, Бојан Илиевски зборуваше по стартот на подготовките за втората полусезона во ПМФЛ.

Дефанзивецот кој неодамна дебитираше за репрезентацијата на Македонија е оптимист за пролетната полусезона.

Мило ми е што се вративме на тренинзите. Атмосферата во тимот е одлична, сите сме здрави и повредите не заобиколија. Треба да се подготвиме добро и да бидеме квалитетни на тест натпреварите во Анталија. Целта секако дека е првото место на табелата, како и пласман во Европа. Има сегменти кои треба да ги подобруваме во нападот и одбраната. Работиме напорно за да ги исполниме целите, сакаме на крајот на сезоната титулата да остане таму каде што ѝ е местото“, изјави Илиевски.

Струга по есенскиот дел од сезоната има 32 бода, по пет помалку од водечката тројка Силекс, Шкендија и Работнички. Стружани мора да го кренат нивото во вториот дел ако сакаат да се борат за трета титула во низа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани