Икарди заминува од ПСЖ, го меркаат два големи клуба од Италија

by
1 минути читање

Мауро Икарди одличнно ја почна сезоната во ПСЖ, но во продолжение повторно истапи неговиот незгоден карактер и во последните натпревари седеше на клупата за резерви.

Тој има 20 постигнати голови во 31 натпревар, што е сосема солиден учинок, но неговата авантура во Париз завршува со крајот на сезоната.

„Газета дело Спорт“ пишува дека сопругата и агент на Икарди, Ванда Нара зборувала со директорот на ПСЖ, Леонардо и му соопштила дека напаѓачот ќе се врати во Италија.

Се верува дека Интер ќе го продаде, а интерес за него има од Јувентус и Наполи.

Но проблем може да биде сумата која ќе ја побара Интер, неизвесно е дали некој од италијанските клубови ќе биде подготвен да одвои многу средства за засилувања по кризата создадена од ситуацијата со коронавирусот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×