Интер игра одлично во
последниов период а тоа најмногу се должи на напаѓачот Мауро Икарди кој инаку
дел од својата кариера мина во младинскиот тим на Барселона, по што следеше
преселба во Сампдорија.
Калчолигашот доби на
тацна одличен напаѓач па веднаш ја употреби опцијата да го откупи неговиот
договор и тоа за само 400.000 евра. По една сезона мината во дресот на тимот од
Џенова следеше трансфер во Интер за 6.5 милиони евра.
„Можев да останам во
Барселона и да ја чекам својата шанса, но едноставно почувствував дека тоа не е
тим кој мене ми одговара. Играта на Барселона не е баш за мене и не се двоумев
многу околу заминување од тој клуб“ изјави Аргентинецот.
Напаѓачот на Интер вели
дека веста да отиде на позајмица во Сампдорија ја примил како шега, а морал да
гугла на интернет за да дознае нешто повеќе за клубот.
„Морав да гуглам која е
Сампдорија бидејќи никогаш немав слушнато за тој клуб. Во Барселона ми зборуваа
дека ќе играм заедно со Касано и Пацини, јас мислев дека се шегуваат со мене…“
додаде тој.