По шест недели надвор од тимот, Мауро Икарди денеска доби шанса да стартува против Џенова. Аргентинецот се врати со гол и асистенција во победата од 0-4 на гостувањето кај Џенова.
Напаѓачот погоди од пенал во 40. минута за 0-2, откако претходно Гаљардини го отвори резултатот. Икарди потоа на стартот од вториот дел му додаде на Перишиќ за 0-3, а Гаљардини со својот втор гол во 81. минута го постави конечниот резултат.
На Интер во прилог му одеа и резултатите на ривалите за топ четири пласман. Рома забележа нов кикс и одигра 2-2 против Фиорентина, додека пак Лацио загуби на гостувањето кај СПАЛ со 1-0.
Торино со 2-1 ја совлада Сампдорија, а Фросиноне во драматичен финиш стигна до триумф од 3-2 над Парма со гол од пенал во 102-та минута.