Ова лето конечно
се стави крај на сапуницата околу иднината на Мауро Икарди, барем за момент,
откако аргентинскиот напаѓач се пресели во ПСЖ на позајмица со опција за
целосен откуп на неговиот договор.
Сепак, извесно е
дека Интер се уште не спие мирно со оглед на фактот што можно е Аргентинецот
повторно да се врати во редовите на „Нероаѕурите“, барем такво нешто индиректно
најавува неговата сопруга и агент, Ванда Нара.
„Тоа не е развод,
туку пауза која се рефлектира помеѓу една верена двојка“ вели Ванда во изјавата
за „Газета дело Спорт“ објаснувајќи го односот помеѓу Интер и нејзиниот сопруг.
„Интер требаше да
го продаде, во спротивно Мауро никогаш не би си заминал од клубот“ додава таа.
Икарди се
приклучи на тимот од француската престолнина како позајмен фудбалер до крајот
на актуелната сезона, а по крајот на истата ПСЖ има можност за 70 милиони евра
да го откупи неговиот договор со Интер.