Икарди има посебни услови до Интер за да се врати на тренинзите и натпреварите

by
1 минути читање

Мауро Икарди
наводно ги изнел своите услови до челниците на Интер за да се врати на
тренинзите на клубот, како и натпреварите за истите, а еден од главните услови е
„рехабилитација“ на неговиот карактер, како што пишуваат во Италија.

Аргентинскиот
напаѓач одбива да биде дел од тренинзите, како и натпреварите на Нероаѕурите
откако му беше одземена капитентската лента на 13 февруари, а истата му беше
дадена на Самир Хандановиќ.

Иако се жалеше на
повреда, сепак, шефот на стручниот штаб на Интер, Лучијано Спалети јавно посочи
дека лекарскиот тим утврдил дека нема никаква повреда, индиректно велејќи дека
Аргентинецот лажира повреда.

Имаше неколку
средби оваа седмица помеѓу Икарди и директорот на клубот, Бепе Марота, како и
адвокатот на аргентинскиот напаѓач.

Според
известувањата на Газета дело Спорт, се вели дека Аргентинецот поставил високи
услови кои мораат да бидат исполнети пред тој да се врати на тренинзите, или
натпреварите за Интер.

Тие вклучуваат јавна рехабилитација на неговиот имиџ од клубот и тренерот Спалети со
чисто и јасно објаснување за причината поради која клубот му ја одзел
капитентската лента.

Подвлечено е дека
Икарди е потребно да отиде чекор напред во однос на ситуацијата и да им се
извини на своите соиграчи, нешто што фудбалерот категорично одбива да го стори,
бидејќи тој не чувствува дека погрешил нешто во оваа драма околу него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×