78
„Римската волчица“ може да жали што остана со празни раце во дерби пресметката со Интер, домаќините имаа водство од 1-0 со голот на Џеко во 15 минута, а потоа Наинголан и Пероти ја погодија рамката од голот.
Интер ги казни сите овои промашувања и со фуриозна завршница направи пресврт и на крајот славеше со 1-3.
Кандрева одлично го проигра Икарди во 67. минута, а напаѓачот итро биеше на поблиската статива и го изненади голманот на Рома.
Домаќините потоа имаа две одлични шанси преку Наинголан да се вратат во водство, и откако не ги реализираа шансите, Икарди на додавање на Перишиќ погоди за 1-2 и големо славје во 77. минута.
Во 87. минута точка на натпреварот стави Весино по една брза контра.