Икарди го прекина молкот, Аргентинецот испрати писмо полно со емоции но и многу прашалници (ФОТО)

by
3 минути читање

Пред неколку
недели, се случи потрес во „црно-сината“ половина на Милано откако Интер со
една реченица соопшти дека Мауро Икарди повеќе не е капитен и во иднина лентата
ќе ја носи Самир Хандановиќ.

„Нероаѕурите“
никогаш не објаснија зошто се решија на еден ваков чекор и само посочија дека
тоа е за доброто на клубот. Мауро Икарди по ваквиот потег експресно се пожали
на болки во коленото и повеќе не одигра ниту една минута.

Потоа почнаа да кружат стории за негово заминување и трансфер во редовите на лутиот ривал Јувентус. Напаѓачот до сега
молчеше и само испраќаше кратки постови на социјалните мрежи, но вечерва си го
отвори срцето со долго писмо објавено на Инстаграм.

„Во најтешките
времиња се покажува вистинската љубов“
– почнува порката на Аргентинецот.

„Токму во вакви
моменти решив да останам во Интер, да бидем со Интер. Кога чувствував дека со
моите голови можам да помогнам Интер да стане посилен помеѓу дргугите работи“.

„Посилен од
проблемите со Финансискиот фер плеј. Посилен од тешкотиите, кога многумина не
отпишаа. Во Интер. Со Интер“.

„И покрај се, јас
секогаш одлучував да останам. Поради љубовта кон овие бои, имам одбиено понуди
кои други играчи тешко дека ќе можат да ги одбијат“.

„Имам играно со
болка поради која сум плачел по натпреварите, и деновите кои следеле но секогаш сум инсистирал да истрчам на теренот, дури и против советите од медицинскиот персонал“.

„Но секогаш сум
ја заборавал болката која сум ја чувствувал, единствена цел ми била да го дадам
максимумот за да му помогнам на клубот. Во Интер. Со Интер“.

„Поради мојата ЉУБОВ
кон „црно-сината“ боја бидејќи има само еден Интер. На моите деца им покажував
дека секогаш мора да има надеж“.

„Ги учев дека
победите се тешки, но дека победите со Интер имаат уникатно значење, и само
правите „интеристи“ можат да го разберат ова и да го почувствуваат. Очите на моите деца не
лажат. Ја донесов таа љубов кон Интер во мојот дом“.

„Го остварив
мојот сон, сонот на сите „интеристи“ со тоа што се вративме во Лигата на
шампионите и јас бев капитен на тимот. Бидејќи секогаш чувствував и пренесував
љубов за овие бои“.

„Секогаш им се
спротивставував на оние, кои во првата прилика сакаа да го напуштат клубот. Ги
почитував фановите, соиграчите, клубот и сите тренери кои дојдоа и си замина во
моето време“.

„Соработував со
клубот, како на теренот така и надвор од него, секогаш кога нови играчи ќе
пристигнеле, им покажував дека само со пасија можат да се остварат нашите цели“.

„Знам што значи
да се сака Интер, и фановите на Интер го знаат ова бидејќи ме имаат видено како
страдам, како плачам, се борам и на крај се радувам во овие бои. Во Интер. Со
Интер“.

„Како што кажав,
сите мои жртвување беа направени од љубовта кон овие бои, истовремено
почитувајќи ги сите“.

„Не знам, дали во
овој момент, има љубов и почит кон Интер и кон мене од страна на оние кои ги
носат одлуките“.

„Не знам дали има
желба кај некого да дејствува и решава работи само и ексклузивно во корист на
Интер“.

„Многу работи
можат да се случат во едно семејство, добри и лоши. Поради љубовата, една личност
може да истрпи многу работи“.

„Но никогаш не
смее да нема почит. Ова се моите вредности, ова се вредностите за кои секогаш
сум се борел. Во мојата приказна. Со Интер. Во Интер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×