24 годишниот напаѓач на
италијанскиот калчолигаш Интер, Мауро Икарди, заедно со Чиро Имобиле од Лацио
со по 15 погодоци се на врвот на листата на стрелците во Калчолигата.
Аргентинецот го привлече
вниманието на повеќе европски гиганти кои ги нотираа неговите фантастични
изданија во дресот на тимот од Милано, а често се споменува и интерес од Реал
Мадрид.
Самиот тој ја отфрли
можноста за преселба во Мадрид, велејќи дека доколку дојде до телефонски повик
од европскиот и шпански првак, нема да се јавел.
„Доколку би добил повик
од некој претставник на Реал Мадрид, не би се јавил на телефон. Немам што да
додадам, сите ги знаат моите чувства“ вели Икарди.
Аргентинскиот напаѓач
има важечки догововор со Интер до 2021. година а притоа во истиот и откупна
клаузула од 110 милиони евра. Се шпекулира дека во периодот кој претстои ќе
добие повисока плата во Интер а со самото тоа и повисока откупна клаузула.