Гонзало Игуаин ги
убедува навивачите на Милан дека ќе стори се’ што е можно за да не го повтори неговото
однесување на дербито против Јувентус каде беше исклучен, а промаши и пенал при
0-1 за Старата Дама која на крајот славеше со 0-2 во дербито на Серија А.
Аргентинскиот
напаѓач најпрво беше опоменат поради прекршок над Медхи Бенатија, а откако ги
загуби нервите во таа ситуација, веднаш му беше доделен и втор жолт картон со
што по автоматизам доби и црвен картон, најмногу поради тоа што му се издра во
лицето на главниот арбитар на дербито, Паоло Мацолени.
„Би сакал да се
извинам до сите за моето однесување на теренот вчера, од моите соиграчи, се’
до клубот, до фановите кои ми ја
покажаа нивната љубов вчера. Јас ја преземам целата одговорност и ќе направам
се’ што е можно да докажам
дека тоа нема да се повтори во иднина“ напиша Игуаин на социјалните мрежи.
„Ние сме луѓе исто, имаме чувства, но јас сум одговорен и се надевам тоа нема да се повтори, некои ќе разберат, некои не“ заклучи Аргентинецот.Ние сме луѓе исто, имаме чувства, но јас сум одговорен и се надевам тоа нема да се повтори, некои ќе разберат, некои не“ заклучи Аргентинецот.