Гонзало Игуаин,
кој настапува за Челси на позајмица од Јувентус, објави крај на својата
репрезентативна кариера, со тоа што рече дека неговата ера со репрезентативниот
дрес веќе завршила.
31 годишниот
напаѓач изминативе неколку месеци беше изоставуван од страна на селекцијата по
лошата форма во која се наоѓаше претходно во редовите на Милан, а со новите
ѕвезди во составот на Гаучосите како Лаутаро, Икарди и Дибала кој надоаѓа,
популарниот Пипита одлучи да се повлече.
„Мојата ера со
селекцијата е завршена, сега ќе го гледам тој тим вон терените, со што сум
сигурен дека многу луѓе ќе ги направам среќни“ рече Игуаин саркастично во
изјавата за Фокс Спортс Аргентина.
„Разговарав со
селекторот Лионел Скалони, му го кажав сопственото гледиште, ова е моја одлука
и се надевам дека истата ќе ми донесе само добро, сакам да уживам во периодот
со моето семејство, кое гледам дека страда кога сум често критикуван“ додаде
Аргентинецот истакнувајќи дека е среќен со одлуката која ја донел.
Игуаин
репрезентативната кариера ја завршува со 31 гол на 75 настапи во дресот на
Гаучосите.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.