Аргентинскиот фудбалер почна да ги оправдува очекувањата, беше двоен стрелец во денешната убедлива победа над Хадерсфилд.
Резултатот го отвори токму Игуаин во 16. минута кога по асистенција на Канте, убаво ја смести топката во мрежата на противникот.
Пред крајот на првиот дел Челси доби пенал иако стартот врз Аспиликуета беше надвор од шеснаесетникот. Тоа не му пречеше на Азар да зголеми на 2-0.
Азар постигна гол и во 66. минута за убедливо водство на Челси од 3-0, тука беше јасно кој ќе ја забележи победата.
Во 69. минута Игуаин постигна прекрасен гол од далечина за 4-0, а конечните 5-0 беа дело на Давид Луиз.
Во другите натпревари Волвс со 3-1 победи на гостувањето кај Евертон, Кристал Палас со 2-0 славеше против Фулам, Барнли и Саутемптон одиграа нерешено 1-1, немаше голови на мечот меѓу Брајтон и Ватфорд.
Претходно Тотнем со 1-0 го победи Њукасл.