605
Милан не успеа со целиот плен да се врати од гостувањето кај Каљари, „росонерите“ губеа по првото полувреме, на крајот дојдоа до бод благодарение на Игуаин.
Каљари поведе уште во четвртата минута кога една топка дојде до Жоау Педро кој реализираше за 1-0.
По десет минути игра во вториот дел Игуаин постигна гол за изедначување на 1-1, негов прв погодок за Милан.
До крајот на мечот тимот на Гатузо се обидуваше да дојде до комплетен пресврт и победа, но не успеа.