Игуаин не размислува за одмазда

by
1 минути читање

Игуиан го носеше дресот на Реал Мадрид од јануари 2007 до јули 2013 година пред да се пресели во Наполи.

Во финалето од Лигата на шампионите ќе игра против својот поранешен клуб за кој има дадено 122 гола, па емоциите кај него ќе бидат посебни.

„Тој нема желба за одмазда, Гонзало помина седум фантастични години во Мадрид“ – вели Николас Игуаин за Радио Марка.

„Замина бидејќи тие секоја недела требаше да одлучуваат дали да стартуваат со него или со Карим Бензема, а тоа не е добро“.

„Во случај брат ми да даде гол и да прослави, тоа не треба да се гледа како непочитување“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани