Гонзало Игуаин е во центарот на вниманието поради неговото прво враќање на Сан Паоло изминатиот викенд. Во летниот преоден рок Аргентинецот направи мега трансфер од Наполи во Јувентус кој крена многу прав.
Игуаин беше најдобар во Наполи, па премина во најголемиот нивни ривал. Навивачите го нарекоа предавник и со свирежи го пречекаа на нивниот стадион.
„Спортските новинари постојано зборуваат за пари, и не го разбирам тоа“ – вели Игуаин.
„Платите се високи, се разбира, но не верувам дека било кој фудбалер размислува само за пари“.
„Кога ги менувате клубовите, тоа го правите за да се чувствувате добро, за да бидете среќен. Преземав ризик и не жалам за мојата одлука“.
„Луѓето ми зборуваат дека во Торино е прекрасно и тивко, сега можам да потврдам дека тоа е точно“.
„Среќен сум што донесов таква одлука, сега ми е добро и на теренот и надвор од него, тоа беше тоа што го барав“.
„И на лично и на работно ниво сметам дека направив перфектен избор“.