Милан им се врати
на поразите, по убедливата победа против Киево, „росонерите“ вечерва загубија
пред своите фанови во дерби пресметката со Јувентус.
Разликата ја
направи Гонзало Игуаин, Аргентинецот ги искористи шансите кои му се укажаа и
донесе победа за „Старата Дама“ на Сан Сиро.
Резултатот беше
отворен во 23. минута, Дибала добро проигра со Игуиан, кој од врвот на
шеснесетникот биеше неодбранливо покрај стативата за 0-1.
Популарниот
„Пипита“ одново го матираше Донарума во 63. минута. Дибала со одличен лажњак
овозможи додавањето на Асамоа да заврши во нозете на Игуаин, кој уште еднаш
биеше милиметарски прецизно за 0-2.
Милан имаше свој
прилики, но Калиниќ не успеваше да се снајде, кон финишот на првиот дел ја погоди и пречката, па поразот беше неизбежен.