Гонзало Игуаин синоќа по 12. пат гостуваше на Камп Ноу и овој натпревар го заврши без постигнат гол, исто како и на претходните 11 од кои 10 како фудбалер на Реал Мадрид.
Аргентинецот беше изваден од игра во 86. минута, доби свирежи од навивачите на Барселона, а откако го напушти теренот им го покажа средниот прст.
Ваквиот непристоен гест напаѓачот на Јувентус може да биде санкциониран и тој да биде суспендиран за следниот меч од Лигата на шампионите.
За слично однесување суспензии имаат добиено Роберто Манчини, Луис Суарез, дури и судијата Бусака.
¡NO TE LO PIERDAS! ‘PEINETA’ de Higuaín al Camp Nou tras SALIR ABUCHEADO. La IMAGEN YA en #ChampionsTotal en MEGA. pic.twitter.com/X7ubKo8tda
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 12, 2017