144
Игуаин доцна синоќа пристигна во Милано, тој утринава ги почнал медицинските тестови во клиниката Маднонина.
Наскоро се очекува неговиот трансфер во Милан и официјално да биде потврден.
Тој ќе потпише тригодишен договор со Милан и според „Газета дело Спорт“ ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Дел од големиот договор меѓу Јувентус и Милан е и размената на Бонучи и Калдара. Сите три трансфери треба да бидат комплетирани денеска.